ЧПП | Авто Школа Селика

ЧПП

Често Поставувани Прашања

П: 

Дали се доплаќа во зависност со кое возило ќе се врши обуката?

Не, цената за сите возила е иста.
П: 

Колку часа се предвидени за теоретска подготовка?

За секоја категорија се предвидени различен број на часови:
  • А – категорија = 12 наставни часа
  • Б – категорија = 20 наставни часа
  • Ц – категорија = 10 наставни часа
  • Д – категорија = 10 наставни часа
П: 

Колку време важат положени тестови?

Положените тестови важат една година од датумот на положување на истите. Доколку во рок од една година не се положат и практичните делови од возачкиот испит тестовите потребно е да се преполагаат.
П: 

Дали може жител од друг град да вози часови во вашата авто школа?

Да, може.
П: 

Колкав период треба да помине по положувањето на тестовите, за да имам право да пријавам полигон?

Нема законски определен период. По желба на кандидатот се закажува термин за полигон и град.
П: 

Дали може жител од друг град да полага во Скопје?

Да, но според законот мора да исполнува еден услов. Треба да има привремен престој во непрекинато траење од 6 месеци.
П: 

Дали е задолжителна првата помош?

Да, бидејќи без потврда за прва помош не може да се пријави возачкиот испит.
П: 

Кои документи се потребни за упис во вашата авто школа?

Лекарско уверение, лична карта или пасош и потврда за завршено најмалку основно образование.
П: 

Дали лекарското уверение има ограничена важност и колку трае?

Лекарското уверение има ограничена важност од 18 месеци.
П: 

Колку часа трае обуката за "Б" категорија?

Обуката за "Б" категорија трае 36 мото/часа + 20 часа теоретска настава.

јуни 2021
П В С T П С С
     
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930