Практична Обука | Авто Школа Селика

Практична Обука

Најважниот сегмент за обука на возачи е секако практичната обука односно управување со возилото во сообраќајот.
Заблуда е дека возењето се учи откако ќе се земе возачката дозвола.Тогаш ќе стекнете дополнитела рутина и искуство.
Затоа внимателно бирајте ја авто школата.

Основни услови за добра обука

  • Апсолутно исправно возило
  • Инструктор кој има искуство и желба да ве научи да возите
  • Ваша заинтересираност и посветеност




Услови за отпочнување со возење

  • Завршена теоретска настава
  • Положен пробен тест


Како изгледа обуката за возење?

Практичната настава се состои од 36 мото/часа од кои што:


Учење на основните работи како што се движење со возилото, промена на брзината, застанување, возење наназад и стекнување осет за употребата на кумплунгот, употреба на ретровизори при возење итн.

  • Промена на степен на пренос како и учење на комбинирано кочење со употреба на работна сопирачка и моторно кочење.
  • Поминување преку раскрсници регулирани со “правило од десна страна”,свртување,одржување правец,обиколување,полукружно итн.


  • Промена на степен на пренос,вежбање на комбинирано кочење со употреба на работна сопирачкаи моторно кочење.
  • Раскрсници регулирани со сообраќајни знаци или семафори
  • Свртување на лево со пропуштање на возилата од спротивната страна
  • Престројување и промена на сообраќајна ленти во “гужва”


  • Промена на степен на пренос како и учење комбинирано кочење со употреба на работна(ножна)кочница и “моторно кочење”.
  • Држење безбедно растојание во сообраќај
  • Возење “тргни-застани” кога има застој во сообраќајот
  • Возење на автопат,правилно уклучување и исклучување,и престигнување

brizinometar

Употреба на светла

  • Уклучување долги или кратки светла во текот на возењето
  • Подесување на висината на светлосниот сноп на кратките светла
  • Запознавање на специфичните услови на ноќното возење
  • Заслепеност на возачот од возилото од спротивната страна,прилагодување на брзината според видливоста,лоша сигнализација итн.

  • Возење на испитните релации на кој се полага градска
  • Вежбање на ситуациите кои се покажале како проблематични за кандидатот
  • Повторување на вежбите на полигон


avtoskola-selika-vozen-park