Теоретска Обука | Авто Школа Селика

Теоретска Обука

Во Авто школа Селика можете да посетувате теоретска настава секој работен ден. Бројот на часови зависи од категоријата за која што полагате. Во еден ден кандидатот може да слуша најмногу 4 школски часа. Теоретската настава се одржува во просториите на авто школа Селика со користење на најсовремена опрема и литература. Теоретската настава се изведува по наставен план и програма пропишана со Законот за безбедност на сообраќајот. Теоретската настава се одвива во специјално опремена училница со компјутери припремени за колективна и индивидуална настава. Како што возењето станува една од основните потреби на човекот во секојдневието и секојдневно слушаме за негативните последици (сообраќајни незгоди), се наметнува потребата за подобрување на однесувањето во сообраќајот.Еден од начините за подобрување на ситуацијата во сообраќајот е секако воведување на теоретската настава во авто школите. За да се намали бројот на настраданите во сообраќајот, во иднина неопходно е ангажирање со сите ресурси на друштва во кои што живееме. Авто школите имаат голема задача преку новите кандидати за возачи да влијаат на севкупното подигање на свеста на значењето на безбедност во сообраќајот. Целта на теоретската настава не е наметнување на непотребни трошоци за стекнување на возачка дозвола . Некои од вас ќе кажат;,,Па можам јас и дома да учам тестови“во право е, тестовите и треба да се учат дома, но теоретската настава не служи за учење на тестовите. Ќе наведеме теми од теоретската настава како би им олесниле на идните кандидати да сфатат зошто е важно да присуствуваат на часовите.

ТЕСТОВИ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

ПРАШАЊА

Тестови за теоретскиот дел од полагањето за возачки испит

Превземи(Download) -> клик за превземање на PDF документот

ОДГОВОРИ

Тестови за теоретскиот дел од полагањето за возачки испит(Одговори)

Превземи(Download) -> клик за превземање на PDF документот


top